Електротерапија и современа рехабилитација
Тимот на Physio Patella
08 мај 2026 г.
5 мин читање

Електротерапијата претставува современа метода во физикалната медицина која користи електрични струи и ултразвучни бранови со цел намалување на болката, подобрување на функцијата на мускулите и забрзување на процесот на заздравување. Секоја електротераписка процедура има свое посебно дејство и се применува во зависност од состојбата и потребите на пациентот. Во ординацијата „Physio Patella“ применуваме современи електротераписки процедури како: • ТЕНС терапија – за намалување на болка и мускулна напнатост • ЕМС терапија – за стимулација и јакнење на ослабени мускули • Ултразвук терапија – за подобрување на циркулацијата, намалување на воспаление и побрзо заздравување на ткивата Електротерапијата може да помогне кај многу состојби и проблеми, како што се: ✔ Болки во врат и грб ✔ Дискус хернија ✔ Ишијас ✔ Болки во рамо, колено и колкови ✔ Спортски повреди ✔ Мускулни спазми и контрактури ✔ Артроза и ревматски болки ✔ Повреди на лигаменти и тетиви ✔ Состојби после операции ✔ Намалена мускулна сила ✔ Воспаленија и отоци ✔ Хронични и акутни болки Со правилен избор на терапија, стручен пристап и индивидуален третман, електротерапијата дава одлични резултати во процесот на рехабилитација и подобрување на квалитетот на животот. Во „Physio Patella“ нашата цел е секој пациент да добие професионална грижа, посветеност и третман прилагоден според неговата состојба. Ние сме тука за вашето здравје, вашето движење и вашето подобро секојдневие.
Напишано од
Тимот на Physio Patella
Тимот на Physio Patella споделува практични совети за безбедно опоравување и сигурно движење.